Во кинескиот град Вухан, од каде почна епидемијата на коронавирусот, вчера биле тестирани 222.675 луѓе, соопшти локалната здравствена управа.
Тоа е речиси двојно од бројот на тестирани еден ден претходно.
Во Вухан на 14 мај почна кампањата со цел да се откријат асимптоматските носители на коронавирусот – оние кои се заразени, но немаат симптоми на болеста. Ова следуваше откако минатиот викенд се појави ново жариште на епидемијата, по отворањето на градот на 8 април.
Во Вухан живеат речиси 11 милиони луѓе, а тестирањето се спроведува на доброволна основа.
Досега не е утврден случај со симптоми, но пронајдени се 28 нови асимптоматски носители на Ковид-19.