Конте: Почнува постепено укинување на рестриктивните мерки

Италијанскиот премиер Џузепе Конте соопшти дека од утре ќе следи олеснувањето на рестриктивните мерки во земјата, воведени поради епидемијата на коронавирусот, бидејќи бројот на загинати опадна на најниското ниво од 9 март.

Според британските медиуми, тој на прес-конференцијата предупреди на  опасноста епидемиолошката крива, поточно бројот на заболени и мртви, повторно да се зголеми.

Конте кажа дека во Италија, која е меѓу најтешко погодените земји од пандемијата на коронавирусот, ќе бидат преземени мерки за заживување на економскиот живот и укинување на ограничувањата за движење на граѓаните.

Од понеделник, 18 мај, повторно се отвораат продавниците, а од 25 мај спортските сали, базените и спортските центри.

Од 3 јуни ќе се отворат границите меѓу регионите во земјата и на граѓаните на земјите од Европската унија ќе им биде дозволено да се движат без ограничувања, без задолжителната карантин на оние што влегуваат во Италија.

Отворањето на театарите и кината е закажано за 15 јуни.

Треба да знаете
Последни објави