По повод пандемијата на коронавирус, канадската тенисерка Ежени Бушар организирала акција во добротворни цели, во која на најголемиот донатор ќе му понуди да помине еден ден со неа.
Акцијата започнала од 2.500 евра, а денот со Ежени, во кој спаѓа романтична вечера и еден натпревар во нејзината ложа, бил продаден за неверојатни 85.000 долари.
Бушар не очекувала и самата се изненадила од сумата.
– „85.000 долари!? Вие сте неверојатни! Мило ми е и горда сум на сите кои се приклучија во проектот. Едвај чекам да излезам со победникот“, напиша Бушар.
https://www.instagram.com/p/CAQTCyQpyEI/?utm_source=ig_web_copy_link