Тренерот на германскиот фудбалски бундеслигаш Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик, го сподели своето мислење за продолжување на сезоната 2019/20 која беше прекината поради пандемијата од коронавирус.
– Едно е сигурно – навивачите и емоциите се основните елементи на фудбалот. Секој играч би сакал да игра пред публика. Во моментов сите ќе бидат рамноправни, основното нешто е кој подобро се прилагодува. Треба да ни биде драго што можеме повторно да играме. Владата ни се довери со одлична програма за враќање на фудбалот. Целиот свет ќе ја гледа Германија, можеме да станеме пример за другите, рече Ханс-Дитер Флик.