ВМРО ДПМНЕ: Заев и СДСМ единствено ги интересира грабеж на народните пари и лично богатење

Заев и СДСМ не ги интересира здравјето на граѓаните, туку грабеж на народните пари и лично богатење, вели опозициската ВМРО ДМПНИ како реакција на соопштението од СДСМ.

Наместо стратегија за економската ситуација, нудат смешни економски мерки. Тоа го покажуваат и со ребалансот на буџетот, кој наместо за развој и поддршка на економијата и стопанството е наменет за изборен поткуп.

Заради нивната неодговорна политика Македонија во првите 4 месеци од годината создала нов долг од 200 милиони евра. Во овој период речиси и да немаше никаква криза, а уште помалку имаше мерки за поддршка. Овие пари отидоа за октоподи, бадеми, шампањи, партиски вработувања и договорни услуги, наместо за капитални инвестиции, поддршка на економијата и стопанството или поддршка на здравствениот систем.

Македонија е земја која одвојува најмалку во справување со економската криза. Владата на Заев во ставката стоки и услуги предвидела 41 милиони евра повеќе во однос на 2019 година, а од друга страна ставката за здравство е зголемена само за 12 милиони евра. Или на пример за други трансфери предвидува енормни  150 милиони евра кои никој не знае каде се трошат, а од друга страна за капитални инвестиции реализира само 12% од предвидените средства, односно минорни 50 милиони евра.

Долгот од 1,5 % од БДП е нов креиран долг којшто неспособната влада на СДСМ со своите предизборни оптимистички изјави дека има функционална економија ги лаже граѓаните.

Три години СДСМ се расфрла со народните пари на штета на иднината на граѓаните.

ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.

Треба да знаете
Последни објави