Детектор: Една четвртина од граѓаните имаат проблем да се справат со рестриктивните мерки на Владата

Една четвртина од граѓаните велат дека имаат проблем во справувањето со мерките на Владата за
социјална изолација и полициски час, покажува најновото истражување на јавното мислење кое
за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 24,6% од анкетираните граѓани велат дека справувањето со мерките за социјална
изолација и полицискиот час им претставува проблем додека 71,8% велат дека таков проблем
немаат.
Но и оние кои го имаат, ретко се решаваат за тоа да побараат помош. Анкетата покажува дека
само 14,1% од анкетираните велат дека побарале помош за да се справат со проблемот додека
85,9% не го сториле тоа.
Само 2,8% од граѓаните велат дека имаат некој близок или познаник кој во овој период на корона
кризата се соочил со домашно насилство, додека 86,3% не познаваат вакви лица.
Речиси половина од граѓаните периодот кога се во изолација во својот дом го поминуваат
работејќи низ дома или гледајќи телевизија.
22,5% од граѓаните велат дека изолацијата ја поминуваат работејќи низ дома, додека 21,6%
главно гледаат телевизија.
14,4% велат дека се одмараат, 10,8% ги прегледуваат постовите на социјалните мрежи а 7,6% се
дружат со семејствата.
68% од граѓаните велат дека интернетот и социјалните медиуми значително им помагаат во
периодот на домашна изолација, додека 23,9% велат дека тоа и не е некоја помош.
60,4% анкетирани велат дека во овој период со роднините и пријателите комуницираат главно
телефонски, 21,6% ги користат социјалните мрежи, а 9,1% комуникација преку видео врска.
Само 4,5% од граѓаните велат дека комуницираат со блиските преку директен контакт, а 3% велат
дека воопшто немаат комуникација.
Нешто помалку од половина или 46,9% велат дека се задоволни од информациите околу
состојбата со кризата кои ги добиваат од медиумите. 39,8% велат дека се делумно задоволни а
8,5% велат дека не се.
Во споредба со мартовската анкета, во април се намалува бројот на граѓани кои се задоволни од
информациите кои ги добиваат од медиумите. Од 66,9% во март, за еден месец оваа бројка се
спуштила на 46,9%. Затоа речи си двојно се зголемил бројот на граѓани кои се делумно задоволни
од информациите за кризата кои ги добиваат од медиумите. Па така, од 21,2% во април, бројот на
делумно задоволни граѓани скокнал на 39,8%.
Благо зголемување за еден процентен поен бележи и бројот на граѓани кои не се задоволни од
информациите за кои за кризата ги добиваат од медиумите. Ако во март, само 7,5% од граѓаните
се изјасниле како незадоволни, во април, тој процент се зголемил на 8,5%.
72,4% од анкетираните велат дека имаат доверба во информациите кои ги добиваат од
медиумите, додека 21,5% немаат доверба во добиените информации.
Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за
политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот
од 21 до 24 април со маргина на грешка од плус-минс 3%.

Треба да знаете
Последни објави