Измамник прелагал кумановка со стара приказна за тешка сообраќајка па си заминал со 1.050 евра

На 16.05.2020 во 18.00 во СВР Куманово, Д.Р.(70) од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 1050 евра. Според пријавеното, околу 13.00 часот ѝ се јавило машко лице кое ѝ кажало дека ќерка ѝ направила сообраќајна незгода и згазила дете, а дека само тој како очевидец можел да ја спаси ќерка ѝ да не оди во затвор, доколку му даде пари. Исто така, според пријавеното, лицето ѝ кажало дека ќерка ѝ има скршена вилица и не може да зборува. Таа му поверувала и околу 16.00 часот излегла пред зградата каде што живее и му ги дала парите. Според пријавата, веднаш потоа се јавила ќерка ѝ, по што Д.Р. заклучила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави