Според поранешниот фудбалски селектор на Италија, Чезаре Прандели, рано е да се обнови Серија А. Иако вчера беа одиграни мечеви во Бундеслигата, стручњакот смета дека во Италија сè уште не е време тоа да се случи.
– Не гледам зошто не можеме да чекаме додека ситуацијата не биде појасна. Зошто да не играме во јули наместо во јуни? Точно е дека фудбалот ви помага да заборавите многу работи за 90 минути, но не мислам дека луѓето кои сакаат спорт сега нужно сакаат да гледаат натпревари. Не мислам дека би се плашел да играм ако сум во еден од тимовите. Повеќе се работи за Италија која страда уште, луѓе умираат секој ден. Верувам дека ни треба одредено време, изјави поранешниот селектор на „азурите”.