Физички нападнати полицајци кои сакале да приведат лице што не го почитувало полицискиот час

Дваесетгодишен скопјанец бил забележан синоќа во 22.30 часот на улицата „Цветан Димов“ во Скопје како се движи за време на полициски час.

Полицајците му укажале дека ќе биде приведен поради непочитување на забраната за движење, а во тој момент дошол неговиот постар брат и физички ги нападнал полицајците.

Тој бил приведен во полциска станица, а помалиот ја искористил ситуацијата и побегнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави