(Видео) Здравствените работници во Белгија и` свртеа грб на премиерката

Премиерката на Белгија Софи Вилмес вчера посети неколку болници за да пружи поддршка на здравствениот персонал, но пречекот таму беше мошне студен.

Дел од медицинскиот персонал од болницата Сент-Пијер во Брисел ја пречека со шпалир, завртувајќи и` го грбот на Вилмес, изразувајќи незадоволство од односот на Владата кон здравството. Тие, како што пренесуваат медиумите, се незадоволни од намалениот буџет, малите плати, а се соочуват и со недостиг на персонал.

Вилмес истакна дека е свесна за состојбата и незадоволството на здравствените работници, додавајќи дека е потребно да се врати вредноста на професијата.

„Посетите на болниците Делта и Сент-Пијер беа важни моменти за дијалог и за персоналот и за мене. Дискутиравме за здравствената ситуација, психичките напори, вреднувањето на работата и финансирањето на здраствената заштита“, напиша Вилмес на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави