ВМРО ДПМНЕ не кажува кој термин му одговара за избори

 

На вчерашната прес-конференција портпаролот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Наум Столиковски беше запрашан од новинарите со каков став ќе настапи партијата на утрешната лидерска средба, бидејќи од владеачката СДСМ се прозвани дека бегаат од избори, како и тоа кој термин за нив е најоптимален? Опозициската партија беше прашана и за тоа дали им одговраа 21 јуни ?

-СДСМ го жртвува здравјето на граѓаните и сака нерегуларни избори со ниска излезност. Кои тоа услови ги исполнија од власта и кои тоа услови се исполнети за да може да има регуларни избори со тоа што власта и Зоран Заев донесоа срамен правилник за фејсбук избори, со тоа што ДИК вели дека им требаат најмалку педесетина дена подготовка а на владата тоа не и се допаѓа, со тоа што бројот на заболени од корона секојдневно расте дури и при исклучително мал број на тестови, затоа што Заев сака да лови во матно. Зоран Заев сака избори кои се можно организирано убиство на граѓани. Потребна е итна заштита на здравјето на граѓаните. Апсолутно треба да престане лицитацијата со датуми за избори, бидејќи тоа се игрите на Заев. Тоа не го прифаќаме. Потребно е дорасното однесување и сериозност во овие моменти. Државата не е заложник на Зоран Заев. Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе ги соопшти своите ставови и позиции кои ќе бидат првенствено во насока на заштита на здравјето на граѓаните на Република Македонија.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави