Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Утре и во вторник ќе се задржи топло време, но во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Значителна промена на времето ќе има во среда, кога ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Облачно, посвежо и ветровито со повремени врнежи од дожд ќе биде во четврток, а од петок времето ќе се стабилизира.