Дел Пјеро е во болница, не може да верува дека може да има таква неподнослива болка !

Навивачите на повеќекратниот италјанскиот фудбалски шампион Јувентус и се во шок откако разбраа дека нивниот легендарен фудбалер Алесандро дел Пјеро завршил во болница . За среќа не станува збор за коронавирусот, туку за проблеми со бубрезите.  Некогашниот лидер на „старата дама“ и на италјанската репрезентација Дел Пјеро има камен во бубрегот и неподносливи болки поради што на социјалните мрежи од ургнетниот дел во болницата УЦЛА напишал:

-Се уште неможам да верувам дека толку мало каменче, може така силно да боли !

Дел Пјеро носел заштитна маска што првично ги вознемирило неговите симпатизери. Но, здравствената состојба на поранешниот фудбалски мајстор е добро, но сепка ќе мора да направи хирушка интервенција за да биде отстранет каменот во бубрегот и болките за кои вели дека се неподносливи.

 

 

Треба да знаете
Последни објави