Не е прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат на изборите, туку прашањето е дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во изборната кампања или не.
ВМРО-ДПМНЕ учествува на изборите, тие прифатија изборите да бидат на 12 април, потоа прифатија одложување на изборите, доставија кандидатски листи, ждребовањето е завршено, се е подготвено за избори, оцени претседателот на СДСМ Зоран заев во вечерашното интервју за ТВ Канал 5.
„Мора веднаш што здравствените услови тоа ќе го овозможат, со овие намалени бројки на заразени, да ја извадиме државата од можна политика криза. Нема парламент, нема политичка влада, мора да имаме капацитет и за екононските и за евентуалните нови здравствени предизвици“, порача Заев.
Тој нагласи дека е отворен за дијалог со цел да се дојде до заеднички прифатливо решение за датумот за избори, но смета дека не смее да дозволи да се пропушти периодот кога има услови да се одржат избори со најмала опасност за граѓаните, бидејќи со отворањето на границите, училиштата, градинките ризкот се зголемува.