,,Христијан Мицкоски се извинуваше на граѓаните зашто имало нова лидерска средба, па Христијан Мицковски бараше нова лидерска средба.Бог да чува.”- искоментира Заев на изјавата на Христијан Мицкоски.
-Мицкоски треба да се извини за повеќе работи. За жал не се усогласивме за датум на оваа средба. Сега е вистински момент да се излезе на избори и тоа од здравствен акпект, од економски аспект и од демократски акспект. Тоа го потврдуваат и препораките од Комисијата за заразни болести, тоа го потврдуваат и законските рокови, уставните одредби, дури и мисијата ОБСЕ/ОДХР- рече Заев.
Заев прочита дел од Извештајот на Комисијата за заразни боилести, каде се вели дека се гледаат добрите ефекти, од рестриктивните мерки, во фаза каде не работат школите и градинките и имаме затворени граници.
-Ситуацијата со ковид-19 ќе потрае, се до пронаоѓање на вакцината, пред нас е период во којшто треба да научиме да живееме со вирусот, па заклучуваат дека како минува време се повеќе се зголемува ризикот од појава на втор бран, со зголемување на бројот на пацинети – се вели во Извештајот на Комисијата.