Во подготовка е нова верзија на гангстерскиот класик „Скарфејс“ под режисерка палка на Лука Гвадањино, но фановите на Ал Пачино не се среќни, пишува британски „Мирор“.
Режисерот на „Викај ме со твоето име“ (Call Me By Your Name), Италијанецот Лука Гвадањино, ќе ја режира новата верзија на култниот „Лице со лузна“ (Scarface 1983) на Брајан де Палма. Сценариото на новиот филм го пишуваат браќата Џоел и Итан Коен.
Ова е трета верзија на „Лице со лузна“. Оригиналот во режија на Хауард Хокс датира од 1932 година, според роман инспириран од животот на озлогласениот мафијашки бос Ал Капоне. Во 1983 година, приказната се пресели во Мајами, а неа ја напиша Оливер Стоун. Брајан де Палма беше режисер. Ал Пачино го играше кубанскиот бегалец Тони Монтана. Мишел Фајфер беше неговата убава и непредвидлива сопруга, Елвира.
На социјалните мрежи кружат гласини дека ѕвездата на „Црниот Пантер“, Мајкл Б. Џордан, ќе го игра Тони, но ова сè уште не е потврдено.
Во моментов не е познато кој ќе глуми во новиот римејк, но многу фанови на Ал Пачино не се задоволни од помислата за ново преземање на Тони Монтана.
Многу фанови го искажаа своето незадоволство на Твитер. Во твитовите пишува: „На Скарфејс не му треба римејк. Никој … никој освен Ал Пачино не може да биде Тони.“
„НЕ. Скарфејс не треба да се преработува ПОВТОРНО. Ал Пачино тоа го направо совршено . На филмот не му теба друга верзија. Оставете го на мира.“
„Само еден актер може да го одигра Скарфејс, а тоа е Ал Пачино, никој друг.“… „Не. Не. Не. Римејкот ќе биде катастрофа,“ гласеа твитовите на армијата фанови на легендарниот актер.