Минатото повремено се враќа да ја прогонува сегашноста, а поранешната хонгкошка актерка Тереза Мак, веројатно очекувала дека тоа ќе се случи, со оглед на нејзината јавна биографија.
Но, најмалку очекувала дека нејзините три деца, односно најстариот син, ќе ѝ префрли за разголените сцени во некои филмови, пишуваат таблоидите.
Тереза (44) имала 17 години кога учествувала на натпреварот за Мис Хонг Конг 1993 година и била сигурен кандидат за круната. Но, кога нејзините голи фотографии – направени кога била малолетна на 15 години – намерно протекле во медиумите, таа била исфрлена од натпреварот.
Тогаш таа решила својот секси имиџ да го искористи за кариера во шоубизнисот, глумејќи во неколку филмови каде што се појавува гола. Подоцна се омажила за адвокат и започнала семеен живот.
Меѓутоа, нејзините три деца, на возраст од седум до 12, ги пронашле старите фотографии и ја исмејувале за тоа.
Најстариот син гледал неколку филмови во кои таа се појавува без облека и ја прашал зошто била гола. Тереза му удрила шамар во момент на бес.
Во интервју за локалните медиуми во Хонг Конг, Тереза вели дека жали за своите младешки глупости и додава: „Откако ми помина лутината, му реков на синот: Без оглед на сè јас сум твоја мајка, зошто ги кажуваш истите работи како и другите луѓе?“