„Изборите не се желба на СДСМ, туку се добри за запазување на роковите, односно продлжување на изборниот процес онаму каде што застана, но со почитување на јавното здравје.
Ако вонредната состојба заврши на 30 мај и првиот термин после тоа би бил 21 јуни, тоа не е желба на СДСМ, туку тоа е согласно Уставот и Изборниот Законик. ВМРО како опозиција, нивниот лидер се извинуваше зошто имало лидерски наместо да се внимавало на здравјето, а самиот тој повикуваше на лидерска“- изјави Јагода Шахпаска од СДСМ на телевизија 24.
Таа потсети дека мисијата на ОБСЕ е подготвена да ја спроведе нивната мисија и дека државата запаѓа во политичка криза ако нема избори. „Не сме виделе лидер на опозиција што бега од избори и има страв да се соочи со својот народ. Не велам брзи избори, туку со следење на здравстената криза и продолжување на изборниот процес онаму каде што застана, можеме да имаме избори.
Па и Светската здравствена организација има позитивни препораки околу целата криза. Пред летото е идеалниот период, се понатаму е ризик. Сите проценки велат сега е вистинскиот момент.“- дополни Шахпаска.
Таа објасни дека МВР ќе ги поднесе сите податоци до ДИК за сите граѓани кои ќе наполнат 18 години до денот на гласањето и затоа тезите на ВМРО ДПМНЕ дека ова нема да се фер или кредибилни избори не држат.