Сеуште актуелниот македонски, регионален и европски машки ракометен првак Вардар се престројува за новата сезона. По заминувањето на „газдата“ Сергеј Самсоненко и враќањето на клубот под капата на старо-новиот претседател Михајло Михајловски, верни на „црвено-црните“ одлучиле да останат првотимците од шампионските денови Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров и Кристијан Дисингер. Се очекува истото да го стори и Глеб Калараш.
Претходно се изјасни дека останува во Скопје и хрватскиот интеранционалец Иван Чупиќ. Нов ракометар е Томислав Јагуриновски.
Вардар по завршувањето на преговорите со своите играчи во наредните денови се очкува да ангажира и нови имиња на бековските позиции, како би составил тим за нови високи дострели.
Преговорите со репрезентативен голман Никола Митревски кој сезонава ги бранеше боите на Еурофарм Паелистер не завршија со договор, бидејќи искусниот чувар на мрежата се одлучи повторно да замине на печалба и тоа пак во Португалија, но овојпат во тим на Порто.