Италијанска пратеничка успеа да ја одведе игратата ‘вина за заговор’ на сосема ново ниво, користејќи ја својата пратеничка позиција да го окарактеризира Бил Гејтс како криминалец со вакцини и глобалистичка алатка, пренесува РТ.
Бил Гејтс и неговите напори во борбата против коронавирусот се во центарот на најлудите теории кои посочуваат можни скриени мотиви зад активностите на милијардерот. Минатата недела, италијанска пратеничка за Рим, Сара Куниал, одржа говор што ретко – ако и воопшто воопшто- се слуша во кој било парламент.
Во своето страсно обраќање, Куниал ги повика колегите пратеници да им се спротивстават на плановите за задолжителна вакцинација против Ковид-19.
„Зад ваквите настојувања стојат корумпираните елити, длабоката држава“ тврди таа, посочувајќи го Бил Гејтс како еден од главните виновници зад кампањата за вакцинирање, ако не и за самата пандемија.
Споре Куниал, Гејтс со децении работи на политика за депопулација и на планови за диктаторска контрола во глобалната политика за да го добие приматот во земјоделството, технологијата и во енергетиката.
Куниал, која е познат противник на вакците, го издвои Гејтс како негативец пред се заради кампањите за вакцинирање што неговата фондација ги спроведува со години во помалку развиените земји. Освен што го обвинува милијардерот за стерилизирање милиони жени во Африка и парализирање стотици илјади деца во Индија, Куниал ги додаде и ГМО и 5G технологијата во конспиративната листа на „гревови“ на Гејтс.
Куниал, исто така, остро ги критикуваше строгите мерки за борба против пандемијата на коронавирус што нејзината земја ги наметна меѓу првите. Според неа, изолацијата ѝ служи и на глобалистичката агенда, а Италијанците биле подложени на инквизиција на лажните науки.
„Нашите деца се тие што ќе изгубат повеќе, кои се ‘силувани души’. На овој начин, право на школување ќе се добива само со нараквица за да ги навикне на условна казна, на ропство и на принудно постапување. Вистинската цел на сето ова е тотална контрола. Апсолутна доминација врз човечките суштества, претворени во заморчиња и во робови, кршење на суверенитетот и на слободната волја “, рече Куниал.
Кога дел од пратениците се обидоа да ја прекинат, претседателот на парламентарниот дом наложи ред затоа што, според него, во слободен парламент секој има право да го искаже своето мислење.
Во својот говор потоа, Кунијал побара од италијанскиот премиер да го изведе Гејтс пред меѓународната правда, освен, како што рече таа, ако Џузепе Конте не е и самиот дел од глобалниот заговор на длабоката држава.
„Следниот пат кога ќе добиете телефонски повик од филантропот Бил Гејтс, проследете го директно до Меѓународниот кривичен суд за злосторства против човештвото,“ порача Куниал.
Иако Гејтс во минатото честопи беше цел на теории на заговор, актуелната пандемија на коронавирус го зголеми интересот за неговата личност. Неговата потрага по вакцина против Ковид-19 како и неодамнешниот патент на „Мајкрософт“ за нејасно опишан уред што ја следи „активноста на телото“, кренаа голема врева.
И покрај фактот што Гејтс технички се повлече од одборот на „Мајкрософт“ и веќе не е поврзан со корпорацијата, а „злобниот“ патент WO / 2020/060606 воопшто не спомнува импланти, некои заклучија дека милијардерот можеби планира да го микрочипира човештвото под маската на вакцинирање на коронавирус.
Иако тирадата на Кунијал можеби звучи без преседан, таа не е првата личност од висок профил што го напаѓа Гејтс. Рускиот оскаровец Никита Михалков на почетокот на месецов , исто како Кунијал, алармираше на националната телевизија за наводен заговор за депопулација и контрола на населението на планетата.