(Видео) Лидерската во вториот час, нема поместување на позициите

Во претседателската вила Водно во тек е средбата на партиските лидери на која се разговара за терминот за одржување на предвремените парламентарни избори. Во октомври лани тие беа закажани за 12 април, но беа одложени со уредба на Владата поради прогласувањето вонредна состојба и ризикот од ширење на коронавирусот.

На средбата што ја организира претседателот Стево Пендаровски, поканети се лидерите на СДСМ, Зоран Заев,  на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, како  и претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Оливер Спасовски.

Кабинетот на претседателот Пендаровски по средбата на 12 мај соопшти дека е договорено да се побара мислење од Комисијата за заразни болести за мерките и протоколите кои треба да се почитуваат при одржување изборни процеси во време на пандемијата и дека Државната изборна комисија е потребно да достави мислење за временските рокови потребни за завршување на подготовките за спроведување на изборниот процес. Беше договорено и да се побара мислење од Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за временската рамка во која може да испратат набљудувачка мисија за изборите.

 

Според СДСМ, предвремените парламентарни избори кои се веќе распишани и еднаш одложени, треба да се одржат во првиот можен термин.

Претседателот на најголемата опозициска партија Мицкоски, пак, вели дека на лидерската средба очекува разум, трезвеност и свесност за реалната ситуација.

Треба да знаете
Последни објави