Раководството на италјанскиот фудбалски калчолигаш Болоња се сомнева дека може да се случи напаѓачот на Милан, шведскиот интеранционалец Златан Ибрахимовиќ кој е на залезот од својата кариера да потпише договор со нивниот клуб.
– Ова може да се случи само благодарение на силното пријателство на Ибрахимовиќ и Михајловиќ и нивното меѓусебното почитување. Во однос на финансиите, потпишувањето на Ибра е надвор од нашите можности. Се разбира, неговото доаѓање би придонело за развој на млади играчи, но многу е тешко да се спроведе. Јас навистина не верувам во тоа, изјави спортскиот директор на Болоња, Валтер Сабатини.
Претхоните неколку дена се појавија шпеккулации дек Златан Ибрахимовиќ би можел кариерата да ја продолжи во Болоња.