Марко Ѓуриќ (28 г.) од околината на Трстеник е убиен во кафеана „Доминик и Маријана“ во селото Грабовац поради кавга околу музиката !
Полицијата го упасила сопственикот на локалот Доминик (51 г.) од Грабовац и тројца членови од обезбедувањето, кои се обвинети дека на брутален начин го претепале момчето и го фрлиле од терасата на локалот, кога Марко тркалајќи се низ скалите задобил смртоносен удар во главата и починал на лице место.
Како пренесуваат медиумите од соседството кафената „Доминик и Маријана“ ја бие глас дека е врталише за силни момци кои со алкохол и музика остануваат до раните утрински часови. Физичката пресметка со смртни последици се случила во ноќта меѓу саботата и неделата.
Мештаните велата дека кафаната не работела поради полицискиот час, а е отворена повторно во петокот еден ден пред трагедијата.