Најавувањата дека Шкотска нема да ја доигра фудбалската сезона 2019/20 година поради коронаврусот се остварија. Фудбалската федерација на Шкотска го прогласи лидерот на првенството до прекинот на сезоната Селтик за старо-нов првак на земја.
Ова е девета по ред титула за Селтик, или вкупно 51. За разлика од другите земји во Шкотска ќе има испаѓање, а цехот го плати Хартс кој беше последно пласиран.
Интересно е тоа што Купот на Шкотска продолжува со одигрување на натпреварите од полуфиналето и финалето.