Индија започна евакуација на стотици селани и затворање на пристаништата поради циклонот за кој се предвидува оваа недела да го погоди источниот брег на земјата, што создава дополнителен притисок врз службите што се борат против епидемијата на коронавирусот, објави „Гардијан“.
Циклонот се очекува да ја погоди Индија во среда, додека карантинските мерки беа воведени во земјата во април со цел да се бори против коронавирусот, кој инфицираше 96.169 луѓе и уби 3.029 луѓе од почетокот на епидемијата.
Државите Одиша и Западен Бенгал испратија специјални тимови за да ги евакуираат жителите кои живеат во куќи од кал и слама. Евакуираното население ќе биде сместено во засолништа со цел да се заштити од најавеното силно циклонско невреме Амфан.
Евакуираното население треба да се заштити не само од циклонот туку и од коронавирусот, што не е лесна задача, изјави индиски официјален претставник кој посака да остане анонимен.