Каније Вест имаше смешни правила, вели поранешниот телохранител

Стив Станулис, еден од поранешните бодигарди на раперот Кеније Вест открива дека хитмејкерот имал „некои смешни правила“. Тој тврди дека не му било дозволено да се движи на помалку од 10 чекори растојание , што дополнително му ја отежнувало работата.

„Имаше необични првила… Сакаше да стојам 10 чекори зад него на улица. Значи, очигледно е дека ако некој се појави и сака да стори нешто, јас додека стигнам до него и се обидам да го спречам, тоа веќе ќе се случи.“

Стив се сеќава на нивната прва средба, кога се расправале за адекватниот протокол во лифт.

„Првиот ден кога се сретнав со него…беше модна недела. Требаше да разговараме во студиото. Штом влеговме во лифтот тој рече: Нема ли да притиснеш на кој спрат одиме? А јас реагирав: немам појма кој спрат, ова ми е прв ден!“

„Тој почна да вика: зошто не се јави претходно за да дознаеш каде треба да одам. Јас му реков: слушај батка, ова може да го направиме на три начина. Можеш да ми кажеш кое копче да го притиснам, и во иднина ќе знам. Можеш да го притисеш копчето и ќе видам на кој спрат е студиото. Или трето, можеш да седиш овде цел ден и да збориш колку е важно твоето време и нема да одиме никаде .Тој се реши за првата опција.“

Стив тврди дека папараците биле известувани од некого секој пат кога ги придружувал Каније и неговата сопруга Ким Кардашијан Вест, и смета дека нема шанси тие „случајно“ да бидат таму речиси на секое излегување на парот.

Во разговор со Дакс Холт и Адам Глин на нивниот подкаст “Холивид роу“ тој рече : „Прво и најважно, папараците секогаш се известуваат однапред. Тие обично се повикуваат да дојдат.“

„Како поинаку сите овие луѓе би дознале дека тие излегуваат. Некој дефинитвно се јавува однапред. Ова е мое мислење…велам дека е коинциденција – каде и да одиме, тие (папарците) се веќе таму секогаш.

Треба да знаете
Последни објави