Коронавирус влезе во уште една кланица во Германија

Во кланица во германскиот град Дисен заразени се 92 вработени, пренесуваат германските медиуми.

Ова е една во низата кланици во Германија во која вработени се заразиле со коронавирус.

Вработените се наоѓаат во карантин, како и лицата со кои биле во контакт, а производството е во прекин. Многу заразени живееле во колективно сместување, а биле ангажирани преку суб-претпријатија, соопштиле властите во округот Оснабрик.
Коронавирусот минатите недели влезе во неколку германски кланици.

Месната индустрија, поради лошите услови за работа и сместување, веќе со години е цел на критики, а со новиот проблем со влезот на коронавирусот ќе се занимава и германската влада.

Треба да знаете
Последни објави