Менкиноски за „Шпански скали“: Обвинението е политичко, се сомневам на фер постапка од страна на судот

Денеска во Кривичниот суд почна судењето за предметот Шпански скали во кој е обвинет поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, но и други 10-тина службеници, меѓу кои нотари и бизнисмени.

Адвокатот на обвинетите Тони Менкиноски обвинува дека целиот случај има политичка позадина, односно како што рече тој ова е квази судење, а самото обвинение е паушално без дејствија.

Денеска присуствуваме на едно квази судење, значи судење кое има епитет на политичко. Тоа политичко судење може да се види и од дел на обвинението кое е паушално и самото по себе нема глаголи во обвинението нема дејствија, вели Менкиноски.

Менкиноски се сомнева во транспарентноста на судот и фер постапка, посочувајќи дека дел обвинетите не знаат за што се теретат, а на одбраната ги нема сите докази кои што се дел од обвинението.

Дел од обвинетите не знаат за што се конкретно обвинети, а дополнително длабоко се сомневам дека судот ќе овозможи фер постапка за обвинетите во моментот од причина што на самиот почеток настана една папазанија со доказите. Дел од доказите кои ги има предложено јавното обвинителство ги има во листат на докази, дел ги нема, дел од одбраната има побарано дополнителни докази иако тоа беше предмет на расправа на почетокот на судењето, судијата го прескокна тој дел иако процедурално е многу важен тој дел да одбраната ги има сите докази кои што се потребни за едно вакво обвинение, додава Менкиноски.

На самиот почеток дел од обвинетите се изјасниле дека не чувствуваат вина, а дел и дека воопшто не го разбрале обвинението за кое што се теретат.

Треба да знаете
Последни објави