Му го демолирале „јагуарот“ по сообраќајна расправија

На 17.05.2020 во 17.00 часот во СВР Скопје, Д.Н.(32) од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот, додека бил со неговата вереница Г.О.(25) од Р.Турција, по претходно недоразбирање околу сообраќајот, во село Глумово се случил инцидент.

Тогаш му бил попречен патот од патничко моторно возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, од кое излегле две лица и почнале да го удираат и оштетуваат неговото патничко возило „јагуар“ со скопски регистарски ознаки.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави