Научени само на земање, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против мерките за помош на граѓаните, на компаниите, на државата

Реакција на  прес-конференција на Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжуваат со деструктивното однесување и политиканство, тие имаат проблем секогаш кога парите се насочуваат кај гаѓаните,

Се противеа и кога растеше минималната плата и кога се зголемуваа платите во сите сектори и кога растеа пензии, се противат и денес, кога се вложуваат сериозни средства за брза трансформација на економијата.

Не е прв пат  ВМРО-ДПМНЕ да реагираат на мерки кои се исклучиво во интерес на граѓаните.

За нив останува несфатливо како може да се води домаќински и одговорно економија на една држава, за нив е несфатливо парите да завршуваат кај граѓаните наместо во белиот дворец.

Додека сите капацитети на државата се впрегнати во обезбедување мерки и решенија за брза трансформација на економијата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат посветени на гол популизам и политиканство , а сето тоа на штета на интересите на граѓаните.

Првите два пакети мерки се насочени за поддршка на економијата и зачувување  на работните места на граѓаните, а мерките од третиот пакет обезбедуваат заживување на македонската економија преку директна поддршка и на граѓаните и на стопанството.

Истовремено се зголемува  конкурентноста на нашите компании на домашно и светско ниво и се отвора можност за активирање  и помош на домашниот туризам како и дополнителна поддршка на земјоделците со цел  уште поголем квалитет и обем на домашно производство.

Вкупната поддршка од сите три економски пакети изнесува 550 милиони евра, а опфатени се 730.000 граѓани.

СДСМ била и останува партијата која се грижи и ги заштитува интересите на граѓаните и државата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да учат како се работи одговорно, транспарентно во интерес на граѓаните и економијата.

Треба да знаете
Последни објави