Нови пакети 350 пакети со хуманитарна помош за социјално загрозените лица додели денес Општина Кисела Вода преку соработката со бизнис заедницата. Од страна на компанијата Витаминка, како и на здружението за хуманитарни цели Сите заедно можеме, беа обезбедени пакети со храна, пијалаци и средства за хигиена кои на најзагрозените жители на општината Кисела Вода треба да им се најдат во овие тешки моменти кога целата држава се бори со последиците од ширењето на корона вирусот.
Општина Кисела Вода и понатаму ќе продолжи со соработката со општествено одговорните компании и здруженија, се со цел кризата што побрзо да се надмине, а последиците да бидат што помали. Досега, во повеќе наврати беше делена помош на ранливите категории граѓани од Кисела Вода. Воедно, потсетуваме дека во насока на правилно спроведување на мерките и препораките за заштита, превенција и спречување на ширење на корона вирусот КОВИД-19, Општина Кисела Вода заедно со Црвениот Крст-Кисела Вода, обезбеди мобилни тимови кој им помагаат на овие жители за време на полицискиот час.