Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков потврди дека сè уште прима терапија поради коронавирусот, објави руската агенција ТАСС.
На прашањето на новинарите за неговата здравствена состојба и пуштањето од болница, Песков прво се заблагодари, а потоа одговори дека сè уште прима терапија.
Освен портпаролот на Кремљ, коронавирусот е потврден и кај други руски претставници – премиерот Михаил Мишустин, министерот за градежништво Владимир Јакушев, министерката за култура Олга Љубимова и министерот за наука и образование Валери Фалков.
„Премиерот на Русија закрепнува од коронавирусот и ќе може да се врати на своите обврски во текот на оваа недела“, рече министерот за здравство, Михаил Мурашко.