Легендарниот фудбалер на Црвена звезда, Марко Елзнер почина на 60-годишна возраст по долго боледување. Словенечкиот дефанзивец одигра четири сезони за „црвено-бели“ (1983-1987) и беше член на генерацијата која оствари незаборавна победа над Реал Мадрид (4:2) во Купот на Европските шампиони во 1987 година. Елзнер настапуваше за Црвена звезда заедно со македонските интеранционалци, браќата Милко и Бошко Ѓуровски.
Имаше 14 настапи за поранешна Југославија и бронза од Олимписките игри во 1984 година во Лос Анџелес. Елзнер важеше за еден од најдобрите словенечки фудбалери, кој одигра и два меча за словенечката репрезентација.
Во кариерата играше за Слован, Олимпија, Ница, Адмира Вакер