Судиите од скопска Апелација донирале 487.500 денари во Фондот за справување со Ковид 19

Судиите од Апелацискиот суд Скопје во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид 19, од априлската плата донираа износ од 487.500,00 денари

-Согласно препораката за донирање на дел од платите на судиите за месеците април и мај 2020 година на Судскиот буџетски совет од 04.05.2020 година, судиите од Апелацискиот суд Скопје во Фондот за помош и подршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид 19, од априлската плата донираа износ од 487.500,00 денари, соопшти Апелацискиот суд.

Треба да знаете
Последни објави