Таксист од Штип заразен со коронавирус

Со симптоми, а потоа и потврден тест на Ковид 19 на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип е примен штијанец, кој возел такси во Штип, пренесува ММС.

Информацијата за ММС ја потврдиле и од Центарот за јавно здравје во Штип, каде се обидуваат да ги лоцираат сите негови контакти. Заболениот не работен неколку дена, откако ги почувствувал симптомите. Меѓутоа, колку време бил инфективен, тешко е да се каже. Човекот бил прилично комуникативен, што дополнително ја комплицира ситуацијата. Дополнително усложува тоа што сопругата на заболениот е медицинско лице, меѓутоа цело време била во заштитна облека во ординацијата каде работи.

Од Општината Штип потврдија дека сите такси возилата во Штип се дезинфицирани еднаш, кога градот спроведе нивна целосна дезинфекција, но понатаму е обврска на компанијата и возачот, според препораките на властите.

Треба да знаете
Последни објави