Поголем број на хрватски возачи се принудени и покрај летните температури кои го зафатија регионов уште во месец мај, да ги управувата своите автомобили со зиски гуми. Ова им се случува на Хрватите бидејќи летните гуми им се заробени во „хотелите за гуми“ во Словенија каде им е поефтино да ги складираат. Поради пандемијата со корнавирусот иако граництие меѓу овие две земји се отворени, сепак не е така едноставно да се стаса до Словенија и да се направи потребната замена на зимските со летните гуми. Преминувањето преку границата не е целосно нормализиран, а во првите денови од кревањето на граничните рампи за влез во Хрватска се чека и со саати.
Оние кои ги оставиле гумите на чување во пограничните градчиња заштедиле и по 15 евра, но сега се сеуште без нив.
-Услигите во Словенија се 10 евра, а во хрватска тоа би ме чинело 26 евра. Но сега е проблем што неможам да скокнам и да ги заменам пнеуматиците – вели еден многуте хрватски граѓани кои го мимаат истиот проблем.
Летните гуми поради покачените температури се побезбедни за возење. Помалку се абат во вакви услуови од зимските гуми.