Напаѓачот на италјанскиот фудбалски шампион Јувентус, Пауло Дибала, ќе потпише нов договор со клубот, пренесува „Ла Газета дело Спорт”.
Новиот договор на 26-годишниот играч ќе важи до 2025 година. Преговорите за потпишување на договорот ќе започнат веднаш штом агентот на аргентинскиот фудбалер пристигне во Торино.
Платата на Дибала, која сега е 7,5 милиони евра годишно, ќе биде зголемена, а во договорот ќе бидат наведени и бонусите.
Оваа сезона фудбалерот во Серија А одигра 24 натпревари, постигнувајќи седум гола и остварувајќи осум асистенции.