Американскиот лек „ремдесивир“ против коронавирусот доби дозвола од ЕУ

Директорот на Европската агенција за лекови, Гвидо Раси, најави издавање на дозвола за употреба на ремдесивир при третман на Ковид-19.

Тоа е препарат на американската фармацевтска компанија „Гилеад“, кој според првичните истражувања го намалува времето на хоспитализација во случај на инфекција со новиот коронавирус за 31 процент во однос на плацебо.

„Можно е во следните денови да се издаде условна лиценца за лекот“, рече Раси пред Европскиот парламент.

Дури и пред издавањето на официјална дозвола за употреба, Европската агенција за лекови го препорача ремдесивир за третман на најтешки случаи на инфекција со Ковид-19.

Соединетите Држави издадоа дозвола за итна употреба на ремдесивир во своите болници на 1 мај, а клиничките истражувања за овој лек треба да бидат готови до крајот на месецот.

Треба да знаете
Последни објави