Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов
„СДСМ бара брзи избори кои ќе значат организирано убиство на граѓаните. Приоритет на Зоран Заев е фотелјата, а не здравјето на граѓаните.
СДСМ спроведува организиран поткуп на граѓаните преку наводните мерки на Заев и Спасовски, кои не даваат никакви резултати. Овие мерки носат само сиромаштија.
Буџетската дупка и натаму ќе расте, а граѓаните од ден во ден се се посиромашни, овие мерки немаат никаков ефект.
Kриминалната банда на власт на чело со аболицираниот Заев во првите 4 месеци направи буџетска дупка од над 200 милиони евра, буџетска дупка која од ден во ден расте, а до крајот на годината може да достигне до 1.3 милијарди евра, пари кои ќе бидат потрошени за поткуп и санирање на неспособноста на СДСМ.
Овие луѓе се прочитани и истрошени политичари чии политички кариери се завршени. И Костадинов, и Заев и цело СДСМ е свесно дека ќе ги изгуби изборите кога и да се случат.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме Хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.“