Кина побара независна процена на одговорот на СЗО на пандемијата

Претседателот на Кина, Си Џинпинг апелираше за независна процена на глобалниот одговор на Светската здравствена организација на пандемијата со Ковид-19 кога ситуацијата ќе биде ставена под контрола.

Тој во обраќањето преку видео врска на денешното Собрание на СЗО вети две милијарди долари во текот на две години за справување со новиот коронавирус.

Си застана и во одбрана на Кина како реагираше на кризата предизвикана од Ковид-19.

Во текот на дводневниот состанок на СЗО се очекува министрите за здравство од целиот свет да подддржат независна процена на глобалниот одговор на СЗО на пандемијата со новиот коронавирус.

Исто така е предвидено да се разгледа предлог резолуцијата на Европска Унија која бара независна проценка на работата на СЗО, предводена од генералниот директор Тедрос Адханом Гебереисус. Нацрт-резолуцијата е поддржана од 116 од 194 земји-членки на СЗО.

Треба да знаете
Последни објави