На социјалните мрежи се појавија фотографии од трговски центар во Малезија, на кои се гледаат мувлосани кожени чевли и чанти поради исклучување на климатизацијата и затворањето на продавниците поради пандемијата на коронавирус.
Фотографиите се направени во продавница која е затворена од 18 март поради ограничувања наметнати поради пандемијата.
Медиумите пренесуваат дека фотографиите се направени кога продавницата се подготвувала повторно да се отвори.
Во објавата покрај фотографиите се апелира до луѓето да не ги посетуваат трговските центри веднаш по отворањето, бидејќи топлото време и влажноста ќе доведат до зголемување на габите.
All central ac system shut
It’s caused the mould on on leather goods …. but you at least see these
Imagine when malls open the fungus in the ducts will fly free in closed atmosphere of malls….. entering our respiratory system.. leading to major infections @AshishSinghLIVE pic.twitter.com/aWtvu6Hat4— प्रवीण मिश्रा (@praveenm_mishra) May 12, 2020
„Сите централни клими се исклучени, што доведе до мувлосување на кожените производи. Замислете кога ќе се отворат трговските центри, габите ќе летаат слободно во затворената атмосфера на трговските центри, влегувајќи во нашиот респираторен систем, што ќе доведе до поголеми инфекции. Бидете внимателни“, напиша еден корисник кој сподели фотографии.
Фотографиите брзо станаа раширија низ социјалните мрежи, а трговскиот центар во соопштението навел дека оштетената стока била целосно отстранета и заменета со нови производи.