Нови случаи на коронавирус во Кина

Кина објави седум нови случаи на зараза со коронавирус на 17 мај, наспроти пет случаи кои беа евидентирани претходниот ден.

Пријавени се два случаи во северо-источната провинција Јилин, која во моментов е под делумни карантински мерки како резултат на избувнување на заразата, така што вкупно 33 лица се заразени со коронавирусот во покраината од 7 мај.

Шангај пријави еден нов случај на пренесување на болести на локално ниво, прв од крајот на март во тој финансиски центар.Четири нови случаи на инфекција во внатрешноста се однесуваат на патници допатувале од странство.

Досега се пријавени 82.954 случаи на инфекција во внатрешноста на Кина, додека бројот на починати остана непроменет – 4.633.Исто така, забележани се 18 нови асимптоматски преносители на заразата.

Треба да знаете
Последни објави