Под мотото „Протестирај-долу диктатурата” попладнево во организација на Алијансата за одбрана на тетарот, ќе се одржи протест пред Министерството за внатрешни работи во Тирана.
Протестот на тетарските работници и граѓани, доби поддршка и од здружената опозиција,предводена од Демократска партија на Љуљзим Баша и Социјалиситичкото движење за интеграција, на Моника Круемади.
Тие упатија апел до своите сопартијци, симпатизери и граѓани за што помасовно присуство на протестот, за да се обединат во заштита на своите права и да се борат „против тиранијата воспоставена од (Еди) Рама”
Баша, по средбата со лидерите на партиите кои ја сочинуваат обединетата опозиција, најави секојдневни антивладини протести, а од синоќешниот собир на тетарските работници и граѓани пред урнатините на тетарот вети дека кога ќе дојде на власт ќе изгради идентичен објект.
Како што и најави вчера Баша, претставниците на опозицијата не учествува на денешната средба на комисијата за подготовка на изборната реформа.
Во меѓувреме, со соодветна механизација се расчистува просоторот од урнатините на тетарот, а премиерто Еди Рама, постираше фотографии како ќе изгледа новиот театар, наведувајќи дека сите, па и оние кои беа против, ќе ја поздрават оваа инвестиција.