Приведен во полиција фудбалер на Челзи

Младиот фудбалер на англискиот премиерлигаш Челзи, Калум Хадсон-Одои (19 г.) е приведен во полициска станица во Лондон во раните утрински часови во неделата. Полицијата го посетила неговиот дом по пријава на девојка која била на „гости“, пренесува „Дејли Мејл“.
Повикувајќи се на извори од полицијата „Дејли Мејл“ пишува дека повик добила и брзата помош, која пристигнала во домот на тинејџерот.
Идентитетот на девојката не се соопштува. Таа по настанот е хоспитализирана, а фудбалерот уапсен.
Од клубот на Одои, Челзи засега не се огласиле да соопштат што се случило со нивниот играч.
Одои девојката ја запознал на социјалните мрежи. Неговите соседите изјавиле дека виделе
атрактивна женска која влегува во неговиот дом.

Одои кој е во притвор во полициска станица претходно беше позитивен на коронавирус, а потоа направи не ги почитуваше мерките за изолација и приредуваше забава.

Треба да знаете
Последни објави