СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С.(38) од Охрид поради разбојништво. Него, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е префрлен во казнено поправна установа во Скопје.
Тој на 14.05.2020 година во 12.10 часот, влегол во просторијата на акционерското друштво ,,Македонски Пошти“ лоцирана на улицата „Никола Карев“ во Охрид и со употреба на остар предмет и закана, од вработените ги побарал парите од прометот. Околу 12.30 часот тој е пронајден и приведен, а пронајдени се парите и користениот предмет.