Авторката на дневникот од Вухан прогласена за непријател на Кина

Дневникот, напишан од наградувана кинеска авторка, го покажува нејзиниот живот во раните денови на појава на коронавирусот во Вухан, јавува „Би-би-си“.

Фанг Фанг (65), чие вистинско име е Ванг Фанг, прво почнала да ги објавува своите искуства од градот преку интернет во јануари, кога се уште се верувало дека е во прашање локална криза.

Нејзиниот дневник бил многу читан, давајќи им на милиони во Кина редок поглед на градот каде што за прв пат се појавил вирусот.

Претходно оваа година, Вухан стана првото место на светот што влезе во состојба на целосна блокада. Градот во основа беше отсечен не само од Кина, туку и од остатокот на светот.

Како што блокадата продолжи, популарноста на Фанг Фанг се зголеми. Издавачите тогаш објавија дека ќе ги соберат нејзините записи и ќе ги објават на неколку јазици.

Сепак, се поголемото меѓународно признание на Фанг Фанг доведе до промена на начинот на кој на неа се гледа во Кина – многумина беа бесни поради известувањето, дури и ја нарекоа предавник.

Нејзиниот дневник сега е преведен на англиски јазик.

Треба да знаете
Последни објави