Ким Кардашијан претстави своја линија маски за лице

Ѕвездата од реалните шоуа, Ким Кардашијан пушти во продажба своја линија маски за лице, коишто беа распродадени во рекордно време.

Според западните медиуми, маските се немедицински. Тие се провидни и растегливи, дизајнирани за носење преку целиот ден и наменети се за повеќекратна употреба.

Кардашијан  на својот Твитер-профил, само неколку часа по објавата на новиот производ, соопшти дека колекцијата е распродадена.

– Работиме со партнер од Лос Анџелес, за побрзо да се произведат нови маски, додава таа во објавата.

Треба да знаете
Последни објави