Кометал Ѓорче Петров пред 18 години ја донесе првата европска титула во Македонија

На денешен ден, пред осумнаесет години (2002 година) женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров ја донесе првата европска титула во Македонија победувајќи го во финалниот двомеч унгарскиот Херц (26-22). Првиот меч во Унгарија македонскиот првак Кометал го загуби со два гола разлика (25-27).

Во „Кале“, генерацијата на Нацева, Кастратовиќ, Дину, Чупиќ, Будумир, Кисељева, Платон, Велкова, Бујанова, Калиниченко, Андрушенко, Малахова, Пласницкаја, Златановска …, предводени од Александар Панов а помогнат и финансиран од македонскиот бизнисмен Трифун Костовски  приредија мигови за задоволство и испишување на македонскат спортска историја.

Неколку години подоцна европскиот шампион Кометал Ѓорче Петров згасна, но европскиот успех остана да не потсетува на незаборавните мигови.

Треба да знаете
Последни објави