Кај тројца од 18 полициски службеници, кои изминатава недела при извршување работни задачи беа сместени во одморалиштето на МВР во Охрид, тестот на коронавирусот е позитивен, потврдуваат од МВР за МКД.мк.
Како што дознава МКД.мк, по враќањето во Скопје, еден од припадниците на Единицата за брзо распоредување пројавил симптоми на заразеност на ковид-19. Направени се тестирања кај сите 18 полицајци.
Од досега добиените резултати тројца од нив се позитивни, а четворица се негативни на вирусот ковид-19, додека за останатите 11 резултатите се очекуваат во текот на денешниот или утрешниот ден. Останатите полициски службеници во моментов се наоѓаат во самоизолација, а во тек е епидемиолошка анализа кај сите 18 полициски службеници, информираат од МВР.