Американскиот министер за финансии Стив Мнучин разговараше вчера со колегите од земјите членки на Групата 7, претставници на Европската комисија и Еврогрупата за економските последици од пандемијата на коронавирусот, се наведува во денешното соопштение .од Кабинетот на американскиот секретар.
Мнучин информирал дека тие разговарале за економскиот одговор на пандемијата на национално и меѓународно ниво.
Тема на разговорот биле и мерки кои можат да ја забрзаат економската активност сега кога постои постепено заживување на економијата, а во согласност со сите потребни здравствени и заштитни мерки.